Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Ме погодува, кога гледам како луѓе од културата си ги напаѓаат колегите, некој е научен да ја гледа културата низ политиката
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со медиумите даде одговори на јавно поставените прашања во врска со резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година.
Таа категорично ги отфрли квалификациите за политичко или друг вид на одлучување или влијание на годишните конкурси и искажа незадоволство за начинот на кој некои корисници и членови на стручните комисии беа јавно жигосувани.
„Одбивам политиката да биде дел од културата“, рече Костадиновска-Стојчевска пред новинарите, која осврнувајќи се на составот на стручните комисии кои ги разгледуваа предлог-проектите, потенцираше дека станува збор за реномирани професори од општествените науки, кои многу внимателно и прецизно направија распределба на средствата, и сите нивни одлуки се аргументирани и се во согласност со зацртаните приоритети на Министерството за култура.
„Сите членови на стручните комисии имаат потпишано три вида на изјави, за немање судир на интереси, тајност и изјава дека стојат зад својата одлука. Се трудиме комисиите последните четири години да не се повторуваат“, нагласи министерката за култура, која уште еднаш ги демантираше реакците и рече:„Некој е научен да ја гледа културата низ политиката и не е во ред да се удира по културната сцена. Ме погодува, кога гледам како луѓе од културата си ги напаѓаат колегите, тоа не е во ред. Апелирам, културни работници да не одат против културни работници“.
Костадиновска-Стојчевска за реакциите поврзани за поддршката на „Рациновите средби“, рече дека не и е јасно зошто Општина Велес како долгогодишен организатор на оваа реномирана манифестација ја делегирала надлежноста за манифестацијата, на организација која нема традиција или искуство. „Ако сакаше да го задржат реномето на „Рацинови средби“, Општината Велес требаше да остане организатор на оваа важна манифестација“, нагласи министерката за култура.
Таа ги повтори начелата на конкурсите по кои одлучуваа комисиите, и рече дека тие не се со политички предзнак, а се однесуваат на поддршка на квалитетот, традицијта, подобрување на животот на заедницата и повеќекратни придобивки кои придонесуваат на разнородност на културата.
Во таа насока, Костадиновска-Стојчевска изрази жалење што некои од прифатените апликанти, по како што рече „медиумско-партискиот притисок“ се откажаа од добиените проекти. Таа додаде дека е против ваков начин на притисок и на моделирање на културата.
„Одбивам млади уменици кои студирале на реномирани универзитети во странство да бидат поврзувани на каков било начин со имиња од Министерството за култура. Секогаш ќе бидам со заложба на младите да им ја дадеме првата шанса. Се разбира и на традицијата, но и на младите. Дали со ваков однос, со јавно изложување на млади уметници по телевизии и партиски соопштенија придонесуваме за задржување на нашите млади во државата? Сигурно не. Никој не се осврна на проектот, туку само дека апликантката е дека од Битола“, рече министерката за култура по реакциите за еден од поддржаните проекти на апликант од нејзиниот роден град. Костадиновска-Стојчевска на брифингот со новинарите одговори на јавните реакции кои се однесуваа на капиталните инвестиции. Таа додаде дека продолжува изградбата на Турскиот театар, на театрите во Тетово и Куманово, како и реконструкција на бројни домови и центри на културата.
„Оваа Влада гради следејќи ги сите законски постапки, не со стиропор и со прехранбени бои. Обезбедуваме тригодишно финансирање како гаранција за квалитетна градба и реконструкција. Вложуваме во сите општини што се покажува зголемената сума за капитални дотации, на тој начин грижејќи се за рамномерен развој на културата“, истакна министерката.
Соопшти дека ниту една одлука во Министерството не се носи по лична основа, и затоа потсети дека дел од Годишниот конкурс е и жалбената постапка која е во тек.
На брифингот со новинарите беа присутни директорите и претставници на четирите театри кои учествуваат на драмскиот фестивал „Мојсиу“ во Приштина, а тоа се албанските ансамбли од Скопје, Гостивар, Куманово и од Тетово, кои го образложија проектот и ставките кои им се одобрени за реализација.
Пред новинарите претседателот на фестивалот „Меридијани“, Шкељзен Пајазити го објасни историјатот на манифестацијата и обемноста на програмата за која се поддржани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

