Македонија
Костадиновска-Стојчевска повика на брзо утврдување на причините за пожарот: „Нема повредени и жртви, салата беше празна“

Министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска, изјави дека во моментот на избувнувањето на пожарот во Универзалната сала немало никој, и со тоа нема жртви и повредени.
Таа повика на брзо расчистување на причините за пожарот.
„Вознемирена сум од она што го гледам. Информацијата за пожарот ја добив околу 9 часот. Објектот е осигурен и ќе се санира од тие средства и ќе се продолжи со градба“, изјави Костадиновска-Стојчевска.
Како што појасни, додека не се расчистат причините за пожарот, реконструкцијата ќе биде стопирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зеленски: Германија ќе го поддржи членството на Украина во НАТО

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека ставот на Германија се променил и дека земјата сега го поддржува членството на Украина во НАТО.
Во пресрет на средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски објасни дека за време на состанокот на ниво на министрите за надворешни работи на НАТО и Украина минатата недела во Брисел, германската страна изјавила дека верува оти Украина треба да биде во Алијансата и дека тоа е „во интерес на безбедноста на цела Европа“, пренесува Укринформ.
„Многу важен момент, покрај иднината во Европската Унија. Би сакал лично да ви се заблагодарам денес за сигналот што не е слушнат од германската страна многу долго време, или можеби дури и никогаш“, рече Зеленски.
Тој истакна дека е „многу задоволен од соодветните сигнали за поддршка“.
Порано денес, Зеленски објави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Европската Унија за дополнително финансирање за производство на беспилотни летала и заедничко производство.
Зеленски, спореед медиумот, претходно изјави дека четири земји – Соединетите Американски Држави, Германија, Унгарија и Словачка – се противат на членството на Украина во НАТО.
Македонија
Фетаи со делегацијата на Европската служба за надворешни работи: Владата е посветена на враќањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денес оствари средба со делегацијата на Европската служба за надворешни работи, предводена од Зузана Михаљцова Шутиакова, шефица на одделението за Западен Балкан.
На средбата, Фетаи нагласи дека Владата на Северна Македонија е посветена на враќањето на владеењето на правото во земјата, преземајќи конкретни чекори во борбата против корупцијата и нејзиното спречување.
Фетаи ја информираше европската делегација за чекорите што ги презел неговиот кабинет во оваа насока, вклучувајќи го усвојувањето на Годишниот план за работа, кој е главно насочен кон борбата против корупцијата, формирањето на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата, како и усвојувањето на новата Стратегија за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот.
Беше разговарано и за Реформската агенда на Владата, која продолжува со полн капацитет, во согласност со целите за усогласување со законодавството на ЕУ.
Македонија
За влез на Табановце се чека до половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.