Македонија
По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации до официјалните информации за причините и за штетите од пожарот.
„Едно сакам да ја уверам македонската јавност, дека по завршувањето на овој процес, градежните активности ќе продолжат и Универзална сала ќе се изгради и Универзална сала ќе биде вратена на скопјани“, рече министерката за култура и додаде дека она што се случи со Универзална сала, за жал, е една поразителна слика за сите.
Костадиновска-Стојчевска, одговарајќи на новинарско прашање, изрази жалење за настанатата ситуација зашто, како што рече, и како министерка за култура и како Министерство, поминавме двегодишен процес на убедување со Град Скопје за градската управа да ја препознае важноста на објектот, да не биде оставен на забот на времето, да не ги претрпи атмосферските промени што ги претрпе.
„Она што го предвидовме преку Информацијата на Влада е дека финализацијата на реновирањето на објектот е крајот на 2027 година. Меѓутоа, се надевам дека тој процес ќе биде забрзан затоа што Универзална сала, како што кажуваме од самиот почеток, и тоа како е потребна“, рече министерката за култура, која повтори дека по добивањето на сите релевантни наоди може да се продолжи со градење.
Министерството за култура ќе продолжи со активностите со цел запазување на утврдениот рок, Универзална сала да биде вратена назад на скопјани и на граѓаните на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.