Македонија
Костадиновски – Гир: Уставниот суд е клучен во обезбедувањето рамнотежа над трите гранки на власта
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева денеска остварија работна средба со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и неговите соработници.
Амбасадорот потенцираше дека ја препознава улогата на Уставниот суд како клучна во обезбедување на рамнотежа над трите гранки на власта во уставниот поредок и во обезбедувањето на владеењето на правото.
Претседателот на Уставниот суд Костадиновски, го извести амбасадорот Гир дека во септември и октомври ќе се најдат на дневен ред пред Судот сите предмети кои се од поширок јавен интерес.
Во насока на подобрување на работењето на Судот, Костадиновски го информираше амбасадорот за реформите кои ќе ги спроведува Уставниот суд од септември со примената на новиот Акт. Акцентот беше ставен на одредбите кои ќе поттикнат забрзување на постапките и отчет и на судиите и на претседателот пред Судот за времетраењето при постапувањето по предметите.
Костадиновски нагласи дека од особена важност за сите граѓани е новината со која се овозможува Уставниот суд да подготвува посебни извештаи во случаи кога увидува континуирано непочитување на Уставот или законите од страна на доносителите на општи прописи.
Како посебно важна новина воведена со новиот Акт на Судот, Костадиновски ја потенцираше постапката во која Уставниот суд ќе може да му одреди конкретен рок на доносителот на некој пропис да ги отстрани уставно-проблематичните одредби со цел да се избегне правен вакуум и да не настанат штетни последици по остварувањето на правата на граѓаните.
Амбасадорот Дејвид Гир покажа интререс за размислувањата за Закон за Уставен суд како и за воведување на уставна тужба и искажа силна поддршка за напорите кои Уставниот суд ги вложува за унапредување на транспарентноста.
Гир ја констатираше брзата реакција и донесувањето на Заклучокот со којшто Уставниот суд предупреди дека престанок на функцијата на уставен судија надвор од уставните одредби е грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Судот.
Костадиновски се заблагодари за почнувањето на ИПА 3 проектот, при што доби поддршка од амбасадорот Гир за спроведување на проектот кој е во насока на зајакнување на капацитетите на Судот.
На средбата беа разменети мислења во врска со најавите за реформи во правосудните тела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

