Македонија
Костадиновски – Палминтери: во фокусот предизвиците со кои се соочува Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Република Северна Македонија.
Костадиновски го информираше Палминтери за предизвиците и актуелностите со кои се соочува Уставниот суд.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од нивото на развој на билатералните односи, при што е договорено зајакнување на соработката помеѓу двата суда во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на средба со Рама: Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со албанскиот премиер, Еди Рама, во Тирана.
„Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности“, објави Мицкоски на „Фејсбук“.
Мицкоски присуствува на Самитот на Европската политичка заедница, заедно со лидерите и претставниците на земјите од Западен Балкан.
Самитот е посветен на унапредување на регионалната соработка, стабилноста и приближувањето кон ЕУ, при што се потенцираше важноста од заедничко дејствување пред предизвиците со кои се соочува нашиот континент.
„Во отворената дискусија се разменија ставови за клучни теми за зајакнување на поврзаноста на регионот со остатокот од Европа. Нашето присуство и учество на овој Самит е потврда за нашата заложба за активно учество во европските процеси и градење стабилно и просперитетно соседство“, рече Мицкоски.
Македонија
(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани.
Пред зградата на Обвинителството беше поставено платно со имињата на жртвите од пожарот, но и имињата на луѓе кои го загубија животот во големи трагедии.
„Поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи”, соопшти иницијативата.
Утре „Кој е следен“ одат во Кочани, на „Маршот за ангелите“ кој е закажан за во 16 и 5 часот на градскиот плоштад во Кочани.
Македонија
Посебен сообраќаен режим в недела поради трка во Скопје

В недела во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот.
Траса на движење на велосипедската трка: почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10:00 часот од пред О.У.„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.