Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски очајнички бара избори, а не знае колку негови пратеници ќе го поддржат
Иницијативата за распуштање на пратеничката група е очајнички обид на Мицкоск, затоа што е во паника поради приемот на Македонија во НАТО, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Мицкоски не знае колку од неговите пратеници ќе го поддржат за иницијативата. Тој не постапува ниту државнички ниту одговорно. Мицкоски го чека пораз и може да размислува за оставка“, изјави Мицкоски.
Владата влегува во економски поход, се најавуваат нови инвестиции и реформи и ние нема да доволиме тоа да го спречи ВМРО-ДПМНЕ, додаде Костадинов.
На новинарско прашање дали ова значи дека СДСМ веќе не размислува на предвремени парламентарни избори, Костадинов рече дека за тоа ќе одлучи извршниот одбор на партијата и ќе ја соопшти одлуката до крајот на неделата.
„Не значи дека предвремени не се во игра. Ние транспаренто ги носиме одлуките. Некои се ‘за’, други се ‘против’ избори, но сепак крајната одлука ќе ја каже извршниот одбор“, рече Костадинов.
Тој на крајот од својата прес-конференција додаде дека иницијативата за распуштање на Собранието тие нема да ја поддржат. Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, според процедурите, на собраниска седница ќе се најде за два дена бидејќи за утре е закажана расправа за интерпелацијата на Никола Димитров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

