Македонија
Костадинов: По примерот со казната за Јанкулоска, да завладее правдата во Северна Македонија
Надлежните институции да ги расветлат сите случаи што се во тек и секако, конечно, по примерот и со Гордана Јанкулоска, да завладеат правдата и правото во Република Северна Македонија, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој од новинарите беше запрашан за коментар за почетокот од издржувањето на казната на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, за случајот „Тенк“, како и за очекувањата за завршницата на другите случаи што своевремено ги отвори СЈО.
„Ние апелираме до сите надлежни иституции, она што беше до нас како пратеници, како парламент, да придонесеме во однос на реформите во правосудството со самото носење закон за ЈО, со сите идни реформи што ги планираме во однос на правосудството, апелираме до надлежните институции да ги расветлат сите случаи што се во тек и секако, конечно, по примерот и со Гордана Јанкулоска, да завладеат правдата и правото во Република Северна Македонија. Само на тој начин со бескомпромисна борба против криминалот, против корупцијата, со сериозна борба против криминалците, особено против оние што 11 години ја тероризираа државата, ќе ја вратиме довербата на граѓаните и во правосудството. но најважно довербата на граѓаните во државата и во институциите“, рече Костадинов.
Во однос на обвинувањата на опозицијата дека станува збор за политички реваншизам и политички пресметки со неистомислениците, Костадинов вели дека политичарите не треба да се мешаат во одлуките на правосудните органи.
„Не очекувам ништо од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која, единствено нешто за што се грижи, е спас за криминалот и криминалците што сè уште ги има во нејзините редови, а тоа можевме да го видиме и со последните случувања и ангажирање луѓе во Извршниот комитет, не можам да очекувам од такви луѓе да застанат и да ги поддржат правото и правдата. Од ВМРО-ДПМНЕ, единствено нешто што го гледаме, а сведок е целата македонска јавност, дека навистина единственото нешто за што се грижи првично е спас на фотелјата на Христијан Мицкоски внатре во партијата и секако спас за криминалот и криминалците. Таа борба на ВМРО-ДПМНЕ во блокирање на владеењето на правната држава со сигурност можам да ве уверам дека ќе биде неуспешна“, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.
Македонија
Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари
На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.
Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.
АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

