Македонија
Костадинов: Чулев стана соучесник во загрозувањето на здравјето на граѓаните
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните и мора да поднесе оставка, смета владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, за масовниот собир вчера во Струга го обвини министерот Чулев, оценувајќи дека тој станал соучесник во загрозувањето на здравјето на граѓаните бидејќи полицијата која била присутна на настанот не реагирала.
Костадинов зборуваше и за вчерашното одбележување на Денот на полицијата пришто, како што посочи, бил организиран јавен собир без почитување на мерките за заштита, со што Чулев го загрозил здравјето и на присутните и на полицајците.
„На истиот настан, почитувани граѓани, на објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои со закана за физичка сила се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа. На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и димна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност, секако и нивното здравје“, рече Костадинов.
Тој ги повтори прашањата што ги постави и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, односно дали ваквото однесување на Наќе Чулев е последица на нарачките од неговиот шеф Христијан Мицкоски, како и дали Чулев се консултирал со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

