Македонија
Костовски: Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозеле идентитетот и јазикот
„Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослаби државните позиции во односите со Бугарија. Мицкоски лично присуствуваше на конгрес на Европската народна партија, каде што премолчено се согласи на резолуција што ги промовира бугарските позиции. Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозеле идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал, а државата ќе се бугаризирала“, рече, меѓу другото, на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Марин Костовски.
Тој вели дека „со таквото срамно однесување Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси“.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со резолуцијата усвоена во македонското Собрание. За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било“, вели пратеникот од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

