Македонија
Костовски по инцидентот: Насилничкото однесување на Апасиев не е ништо ново
Да се контролираш во даден момент од пцости и навреди од „невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица не во храмот на демократијата, напиша на социјалните мрежи пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски по инцидентот во Собрание со Димитар Апaсиев од Левица.
„Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието“, додава Костовски.
„Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство.
Агресијата на Апасиев кон мене е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа.
Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните.
Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневно се заканува, клевети, шири говор на омраза.
Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата.
Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

