Македонија
Коњаниците од Општина Аеродром тргнаа кон Мечкин Камен
Дваесетина коњаници вчера од општина Аеродром тргнаа кон Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, во паркот „Јане Сандански“ на коњаниците им го предаде општинското знаме, со што официјално стартуваше 40-от традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

„Задоволство ми е што оваа година имаме можност да го поддржиме јубилејниот 40-ти коњички марш, организиран по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден. Денеска ги испративме коњаниците на патот кон Крушево, а тие со себе ќе го носат и знамето на Општина Аеродром. Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ“, изјави Марин.
Во рамките на манифестацијата коњаницата и играорците од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.Во рамките на настанот, се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче одржа крводарителска акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

