Македонија
„Крвави им се рацете на Ковачевски и Ахмети, случајот на Онкологија е серија убиства со умисла“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Крвави им се рацете на Ковачевски и Ахмети, случајот на Онкологија е серија убиства со умисла. Нема вода што ДУИ и СДС може да ги испере од најголемиот скандал во здравството во историјата на Македонија, каде што доктори и директори, назначени токму од нив, во стилот на Менгеле, одлучувале кој пациент ќе живее, а на кој ќе му пресудат“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Веќе е залудно и да се апелира што би се случило овој случај да беше макар и во некоја африканска земја бидејќи оваа власт по сите параметри не ни заслужува да се споредува и со земјите од тој континент.
ЈО на Ахмети и Таче сè уште молчи, а требаше за овој тип злосторство во првите 24 часа да соопшти пред јавноста кои се главните обвинети, за кои дела и колку време се случувало ова. Може да се договараат и молчат колку сакаат, но на граѓаните им е повеќе од јасно дека ова е уште еден случај, каде што крив ќе биде кабелот, шоферот или нешто трето.
ВМРО-ДПМНЕ, веднаш по добивањето на довербата на народот на следните избори, ќе ги изведе пред лицето на правдата сите оние што имале и најмал удел во ова тешко злосторство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

