Македонија
Кренар Лога во Анкара пречекан од претседателот на Врховниот касационен суд на Турција и врховниот јавен обвинител
Дводневната работна посета на Република Турција, министерот за правда, Кренар Лога ја започна со средба со претседателот на Врховниот касационен суд на Република Турција, Мехмед Акарча и Врховсниот јавен обвинител ,Бекир Шахан. Министерот Лога беше придружуван од претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на ОЈОГОКК, Ислам Абази, поранешниот претседател на Уставен суд , Сали Мурати и претставници од Министерството за правда.
На средбата се разменија мислења, искуства и информации за подобро запознавање со судските системи, за положбата, функционирањето и улогата на судската власт, со посебен акцент на работата на врховните судови и јавните обвинителства.
Министерот Лога им се заблагодари на Акарча и Шахин за топлиот прием и гостопримство и посочи дека пријателските односи меѓу двете држави ќе продолжат да се интензивираат и во наредниот период.
Доследна и предвидлива судска практика е предуслов за владеење на правото и правната сигурност и особено важна за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем. Од тие причини, предвидено е зајакнување на соработката која ќе се реализира преку одржување на редовни работни средби.
Министерот за правда Кренар Лога, претседателот на Врховниот касационен суд на Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахин се договорија да има размена на посети меѓу институциите од двете држави со цел да стекнат нови знаења и искуства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

