Македонија
Ласкоска: Македонскиот амбасадор во Јапонија бил пријавен неколкупати дека сексуално нападнал жени
ВМРО-ДПМНЕ денес излезе со ново тврдење за мегаскандал што се случил во македонската дипломатија поради лошите кадровски политики на власта.
„Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков, извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за што е пријавуван неколкупати“, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ласовска.
Јапонската државјанка го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко е што тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и своја колешка од ДКП во Јапонија за што било алармирано во МНР неколкупати, но никој не презел ништо! Амбасадорот е вратен во земјата, но поминува само со мерка враќање назад“, вели праетничката.
„Во сериозни држави, каде што не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело најмалку се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите што молчеле три месеци за нападот врз жените“, изјави таа.
Пратеничката упати клучни прашања до власта:
1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци поради неговите лични релации со претседателот Пендаровски?
2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?
„Во согласност со законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело и овој господин треба и кривично да одговара“, додаде таа.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ побара од Бујар Османи да ги изнесе јавно сите детали од извештајот за дисциплинската комисија, каде што се наведени сите детали за овој чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денеска без струја делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково
Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)
– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).
– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)
Македонија
Времен прекин на вода за жителите на улицата Васил Стефановски 16 во Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.