Македонија
Лајка: СТОП за борбите со кучиња
Во рамките на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за борбите со кучиња, 8 април, прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ја почна кампањата за подигнување на свеста за овој вид на суров и крвав „спорт”.
Борбите се кучиња тешка форма на кривично дело и најчесто завршуваат со брутални убиства, злоупотреба и измачување на кучињата.
Кучиња кои се користат за овој суров профитерски спорт најчесто живеат во лоши услови, сопствениците ги прегладнуваат, тепаат, обидувајќи се да ги направат што поагресивни.
Во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ досега се спасени неколку кучиња кои биле измачувани и злоупотребувани за борби.
Борбите се забранети според Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ 113/07) и во него се предвидени прекршочни санкции за организаторите и учесниците. Борби со кучиња се кривично дело според Кривичниот закон член 233, тој којшто грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

