Македонија
Левицата: ДПМНЕ денес капитулира, само шесте наши пратеници гласаа против Африм Гаши

На денешната Собраниска седница, пратениците од Левица понудија бланко – поддршка за ДПМНЕ да нe изгласа претседател на Собранието којшто изминативе години промовира балистички и иредентистички политики, многукратно повредувајќи ги македонските инсигнии, велат од Левица.
„За жал, партијата која се претставува за заштитник на македонските националните интереси, одби да постави Претседател на Собранието од своите редови, погазувајќи го легитимитетот добиен од македонскиот народ и моќ во законодавниот дом од 58 мандати, одлучи спикерското столче да го поклони на партија која има освоено само два мандати.
Партијата предводена од Мицкоски капитулираше пред „Тиранската платформа“ уште на првата собраниска седница.
Ова го оценуваме како генерална проба за внесување на Бугари во македонскиот Устав и доспроведување на Софиската платформа, за која вратата ја подотвори квислингшката СДС“, се истакнува во нивната реакција.
Пратениците на Левица, како што појаснуваат во соопштението, останаа и беа единствените кои побараа збор, ја проблематизираа и доследно се бореа за промена на оваа одлука, ставајќи ги уште еднаш државните интереси пред сè. Нивните гласови беа единствените против ваквата одлука на новото мнозинство.
Само пратениците од Левица ја напуштија седницата и не присуствуваа на свеченото давање изјава на Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.