Македонија
Левицата: „Метларките“ пензионирани, Аеродром се дави во ѓубре
Општина Аеродром никогаш не била понечиста. Ако деновиве поминете низ урбаниот дел на општината, по паркинзите и пред зградите, ќе забележите валкани плочници и неисчистени тротоари и паркинзи, се вели во реакцијата на партијата Левица упатена кон градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
„Претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, Златко Марин, потроши речиси 500 000 евра за набавка на таканаречените „метларки” од фирмата „Брако” на Анѓушев (блиска до СДСМ), а истите воопшто не се користат. Неговиот наследник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, секоја година од општинскиот буџет издвојува по 10 000 евра за нивно сервисирање, но како да му е страв да ги извади на терен“, се истакнува во реакцијата.
Прашуваат дали зад оваа негрижа околу чистењето на јавните површини повторно се крие некаков договор со надворешна фирма, како што е случајот за ангажирање надворешна фирма, за уредување на зелените површини, со цел да се испумпаат пари од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

