Македонија
Левицата: Победа на македонскиот народ – згасна фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“
Македонскиот народ денес треба да се гордее што ги одбрани асномските темели на Републиката откога вчера одекна веста дека згасна клубот именуван по фашистичкиот крвник Ванчо Михајлов, велат од Левицата.
„Македонски народе, кој го крена гласот и се побуни против глорификацијата на фашистичките крвници, кој се мобилизира и протестира против газењето на антифашистичките вредности, денес достоинствено покажа дека искрата на антифашизмот на нашите предци уште тлее во сите нас и дека АСНОМ ќе продолжи да живее!“, посочуваат во официјалната реакција.
Левицата, додаваат од таму, како партија во чиј статут е зачувување на асномските вредности, беше единствена партија што организира два протеста во Битола против фашистичкото дувло и која во континуитет алармира до јавноста за опасноста од ваквите форми на глорификација. По иницијатива на Левицата, како што велат од оваа партија, Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“, а битолското Јавно обвинителство оформи предмет по поднесената кривична пријава на Левицата.
„Му благодариме на македонскиот народ, кој масовно ни се придружи на протестите и повторно докажа дека воден од исконската мудрост, секогаш бил и ќе биде на правилната страна на историјата“, велат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.
Македонија
Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, извести Обвинителството.
И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет, соопшти Обвинителството.

