Македонија
Левицата бара кривична одговорност за Ганиу за уништување културно наследство во Старата скопска чаршија
„Самоволието на ДУИ и натаму продолжува. Минатата недела, градоначалниот на општина Чаир, Висар Ганиу, помпезно промовираше уништување на заштитено културно наследство во Старата скопска чаршија, односно „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир. Во таа прилика Ганиу за медиумите арогантно изјави дека за оваа порта има одлука од Советот на Општина Чаир и не е потребна дозвола од Конзерваторски центар. На изјавата од Ганиу се огласи директорката на Конзерваторскиот центар – Скопје, Љиљана Китановска, која потврди дека портата е бесправна градба, која никако не може да биде легализирана и дека треба да се преземат сите законски мерки за итно нејзино отстранување. Исто така од Конзерваторски центар побараа и кривично санкционирање на одговорните лица за бесправното градење“, рекоа од Левица.
„Дел од градбата се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик кој што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија и каде се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на интегритетот на заштитената целина. Воедно, во важечкиот детален урбанистички план „Стара чаршија“, донесен во 1999 година со одлука на Советот на Општина Центар, не предвидува никаква градба на предметната локација. Ова значи дека поврзувачката порта поставена меѓу Бит-пазар и Старата чаршија го намалува културниот идентитет и уникатниот карактер на чаршијата, и според тоа веднаш треба да се отстрани“, посочуваат од партијата.
Левица апелира Министерството за култура, веднаш да реагира и да ја заштити чаршијата како симбол на Скопје од понатамошно деградирање, и да реагира на непочитување на законот и подзаконските акти.
„Од коалицијата ДПМНЕ/ЗНАМ бараме да се покрене кривична одговорност за непочитување на законите и уништување на култирното наследство. Левица нема да дозволи и овој пат самоволитео на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

