Македонија
(Видео) Левицата: Граѓаните да ја спречат власта да владее понатаму
Левицата ги повика граѓаните на бојкот на референдумот, односно да не излегуваат на гласање. Од политичката партија велат дека граѓаните треба да ја спречат власта да владее понатаму бидејќи, како што велат, таа не е легитимна. Левицата исто така упати апел за донации за финансирање на кампањата против референдумот за да информира и да повикува на бојкот преку јавните сервиси.
Хактан Реџеп Исмаил од партијата вели дека Левицата иницира граѓаните да излезат на протести во сите градови, да ги блокираат улиците и да го кренат гласот против договорот со Грција и рече дека тие ќе им се придружат.
„Со самото тоа што референдумот е консултативен, власта се плаши да понесе политичка одговорност. Организирањето на референдумот не е добро, а граѓаните немаат доверба во резултатите. Една од најголемите причини за бојкот е бидејќи договорот меѓу Заев и Ципрас не ги решава проблемите и прави поделби меѓу народите во Македонија“, рече Исмаил.
Според Алек Атевиќ, без разлика дали ќе има позитивен или негативен исход на референдумот, договорот со Грција ќе стапи во сила.
„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во организациите што се борат за човекови права и да го контролираат референдумот. Албаниците се користат како плашило во Македонија. Албанците мора да го одбранат своето достоинство. Тие не се непријател, овде има само еден непријател, а тоа е класниот. Овој референдум е за северна, не за европска Македонија“, вели Атевиќ.
Според Левицата, македонските војници што ќе ги зема НАТО, ќе бидат враќани во лимени сандаци и пластични кеси, разнесени на парчиња. Членовите на партијата велат дека претстојниот референдум мора да се бојкотира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

