Македонија
Левица, ДПА и Алијанса за Албанците не дојдоа по уверенијата за пратеници во ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав од предвремените избори одржани на 15 јули.
Левица, ДПА и Алијанса за Албанците не дојдоа на седницата за да ги подигнат уверенијата за пратеници.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 44 мандати.
Според конечните резултати, ДУИ освои 15 мандати во Парламентот, коалицијата Алијанса за Албанците / Алтернатива 12, Левица освои два мандати и ДПА еден мандат.
Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 327.408 гласа, односно 35,89 отсто од гласовите, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344 гласови или 34,57 отсто од гласовите.
ДУИ освои 104.699 гласови или 11,48%, коалицијата Алијанса/Алтернатива освои 80.000 гласови или 8%, Левица – 37.426 гласови или 4,1% и ДПА – 13.930 гласови или 1.53%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.