Македонија
Левица: ДПМНЕ гласаше против Законот за бранители да се одблокира
На денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, мнозинството на ДПМНЕ гласаше против да се одблокира Законот за бранители, посочија од Левица.
„Имено, за дополнување на дневниот ред беше предложено да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, затоа што истиот не го става т.н. Закон за бранители на дневен ред и дефакто го блокира овој закон. Членовите на Комисијата од ДПМНЕ гласаа против барањето да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, со што свесно и намерно учествувааат во блокирањето на Законот за бранителите“, велат од Левица и додаваат:
„Со ваквото скандалозно гласање, се потврди дека ДПМНЕ во директна координација со Гаши го блокираат Законот за бранителите и повторно ги оставија на цедило припадниците на безбедносните сили. Додека премиерот Мицкоски има апсолутно мнозинство за конечно да го реши статусот на бранители, очигледно е дека со апсолутно мнозинство од 64 пратеници Мицкоски коленичи пред блокадите на Вреди“,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

