Македонија
Левица: Државата мора да го преземе стопанисувањето со струјата за домаќинствата
Лиценцата на „ЕВН хоум“ за вршење енергетска дејност снабдување со електрична енергија истекува на 1 јули 2024 година. Улогата на „Универзален снабдувач и снабдувач во краен случај“ мора да ја преземе државната компанија „ЕСМ продажба“ за да престанат народните пари да се одлеваат во странските џебови. Државата треба и мора да ги стопанисува производството, дистрибуцијата и преносот, како и снабдувањето на домаќинствата со електрична енергија, велат од Левица.
„Парите на граѓаните треба домаќински да се трошат, а не да се прелеваат во приватни и странски компании кои се директно или индиректно поврзани со политичките елити, од двата табора, кои владеат со државата повеќе од 30 години. Но, властите не размислуваат така. Поранешната раководителка на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи од Тетово, чиј ментор е Артан Груби, е назначена за нова директорка на ЕСМ Продажба со одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ од 23 јуни 2023 година“, соопштува Левица.
„ЕСМ Продажба е фирма-ќерка на АД ЕСМ која продаваше вишоци и купуваше електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за време на кризната состојба, додека после притисокот од Левица, Владата ѝ даде обврска, со уредба, да ги снабдува со електрична енергија државните институции и прехрамбената идустрија за да го амортизира ценовниот шок.
Основната цел на новата директорка, кадар на ДУИ, е испумпување на голем број пари за кратко време од државата преку купо-продажба на електрична енергија. Минатата година, ЕСМ Продажба остварила приходи од 6,57 милиони евра. Најмногу од продажба на електрична енергија во јавниот сектор и произведени вишоци за снабдувачите со струја. Со тоа фирмата-ќерка на ЕСМ за време на енергетската криза се наметна како еден од најголемите трговци со струја во земјата. Токму ова е основната мотивација ДУИ да го пикира и да го добие клучното место за лесен пристап до народни пари.
Поради кратковидните мотиви на Владата на ДУИ и СДС, и лукративните мотиви за лично богатење на нивните партиски раководства, ЕСМ Продажба ќе се користи за богатење на џебовите на домашните политичари додека ЕВН се наметнува за да ја продолжи голготата на обичниот човек, за корист на странски капитал, се наведува во соопштението на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

