Македонија
Левица: Одговорност од највисоките инстанции за Онкологија – поддршка за протестот
Низата информации, кои беа објавени во јавноста, јасно укажуваат дека криминалот на Онкологија не бил возможен без инволвираност на највисоки политички инстанции. Со назначувањето на д-р Нино Васев за директор на онкологија, во моментот кога владата ја доби СДСМ, тој го исклучил КАТО-системот, чија цел е строга контрола на влезот и на излезот на лекови од системот. Како една од неговите први постапки како директор на Клиниката, тој овозможил неконтролиран излез на лековите од системот и дупка од 20 милиони евра во буџетот на Клиниката, велат од партијата Левица.
„За имплементација на КАТО-системот, македонските граѓани платија 350 илјади евра, но системот функционирал само шест месеци како последица на политизирањето на здравството и честото менување на менаџерски тимови. Со исклучувањето на КАТО-системот државна Онкологија продолжила со подготвување цитостатици на стариот начин, а всушност тоа овозможило крадење на лековите и администрација на чист физиолошки раствор кај болните од рак!
Стотици терапевтски режими биле нарушени, животи изгубени поради овозможувањето скапите лекови да се крадат и да завршуваат на црниот пазар во Косово! Тогашната директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Иринка Сотирова-Бухова, не постапила по многуте пријави од страна на некои вработени и медиумите за постоење сомнеж дека лековите завршуваат на црниот пазар. Дополнително, медицинска сестра, која била фатена како краде лекови, по шест месеци, била вратена на работа. Истата медицинска сестра повторно била фатена во кражба на лекови, при што делото не се квалификува како кражба, туку како ‘послужување’?! Нејзината наследничка, д-р Рената Младеновска (кадар на СДС), исто така не постапила по овој основ.
Во овие пет години, додека се случувал монструозниот чин на Клиниката на онкологија, се променија три министри за здравство во Владата на СДС, вклучувајќи ги Венко Филипче, Беким Сали и актуелниот Фатмир Меџити. Тие не само што не го регулирале излезот на цитостатици туку и преку именувањето на Нехат Нухи од ДУИ како организациски директор на Клиниката го помогнале криминалниот синџир. Во јавноста се појавија информации дека кадарот на Нухи креирал список со лажни болни од канцер од свои блиски и така обезбедувал дополнителна количина цитостатици за црниот пазар.
Актуелната заменик-министерка Маја Манолева, иако е на позицијата од март, таа како кадар на СДС беше надворешен соработник на Филипче и сноси одговорност за хаосот на Онкологија, покрај отворените предмети за нејзината политичка функција отворени од ДКСК. Левицата го поддржува денешниот протест закажан пред Владата на Република Македонија во 18 часот и ќе побараме кривична одговорност за сите инволвирани во крадењето лекови од онколошката клиника“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

