Македонија
Левица со писмо до МАНУ бара одговор чиј револуционер е Гоце Делчев
По повод актуелизирањето на прашањето околу националниот идентитет на револуционерот Гоце Делчев, Левица отворено се обраќа до академијата МАНУ да го разреши актуелното прашање како најкомпетентна установа за оваа проблематика, а со тоа и да ги заштити институциите Претседател, Влада и Собрание од понатамошни импровизирачки изјави како последните изјави на претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во продолжение е писмото адресирано до МАНУ:
,,Поттикнати од горливата тема која се дебатира во овој момент во заедничката меѓувладина комисија согласно Договорот со Бугарија за делото и потеклото на социјалистот Гоце Делчев, а соочени со нашето познавање на историјата стекнато токму од вашите учебници и научни трудови наспроти ставовите на членовите на комисијата за ревидирање на македонската историја – Ви се обраќаме со ова отворено писмо да ни дадете насоки во однос на ова прашање односно, каков политички став да заземе Левица како политичка партија, а притоа да не ги дезинформира граѓаните на Македонија.
Еден од основните столбови на нашата партија е на нашите поддржувачи и симпатизери, а и на целокупната јавност да им ја соопштуваме само вистината, независно колку таа била болна. Јасно е дека никој не спори дека големиот револуционер Гоце Делчев бил воден од левичарски идеали, односно дека бил социјалист. Конкретно, проблемот е што учејќи од вашите учебници знаеме дека Делчев е македонски револуционер.Исто така, опсервирајќи ги вашите научни кариери се гледа дека на голем дел од вас, животните кариери се базирани на научни трудови на оваа проблематика и не само за овој револуционер, а со тоа вие сте го заслужиле и статусот кој го имате во општеството и ги оправдувате финансиските средства кои ги одвојува работниот народ на Република Македонија за вашата установа.
Поаѓајќи од сите овие факти, а воедно и молкот кој го има од ваша страна по однос на конкретното прашање, ние како партија се соочуваме со конкретен проблем, а тоа е да излеземе со став за Гоце Делчев, а притоа да не ја дезинформираме јавноста. Затоа јавно Ве замолуваме за одговор на едно прашање од кое ние ќе донесеме конкретен став кој воедно ќе биде и вистината за ова болно прашање.Прашањето е едноставно:Дали учебниците и вашите научни кариери се лажни и неаргументирани, а со тоа Делчев е бугарски револуционер, или се вистинити и поткрепени со научни факти со што Делчев останува македонски револуционер, како што ние и го знаеме?”, се вели во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

