Македонија
Левица: Функционерите со 78 отсто зголемени плати не гласаа за зголемување на додатокот на лицата со попреченост
Пратениците на Левицата поднесоа предлог-измени на два закона, со кои ќе се унапредеа паричните додатоци на лицата со попреченост и двојно ќе се зголемеше личната асистенција за лицата со попреченост. Mеѓутоа, овие закони за унапредување на положбата на лицата со попреченост не ја добија потребната поддршка во Собранието од страна на владејачкото мнозинство, соопшти политичката партија Левица.
„Револтира фактот што токму оние функционери што добија покачување од 78 проценти за нивните плати, овој пат не изгласаа покачување на додатоците на лицата со попреченост. Токму оние што се избрани да бидат гласот на народот во Собранието и да ги штитат интересите на народот во Собранието, за жал, ги штитат само сопствените интереси“, велат од Левицата.
Партијата поднесе низа предлог-закони за унапредување на правата на лицата со попреченост, како и закони со кои ќе се ограничуваат правата на функционерите – како укинување на апанажата и укинување на патните трошоци. И овие закони не беа поддржани во Собранието, велат од Левицата, со што функционерите си ги задржаа своите бенефиции, но не дозволуваат истите бенефиции да ги добијат лицата со попреченост и другите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

