Македонија
Лекторат за македонски јазик ќе се отвори во рамките на Универзитетот во Корча
Во Универзитетот ,,Фан С. Ноли’’ во Корча ќe се отвора лекторат за македонски јазик, со цел зацврстување на врските и поголема соработка меѓу универзитетите во Република Северна Македонија и универзитетот „Фан С. Ноли”.
Оваа идеја произлезе од научниот симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”, кој во соработка со македонското друштво „Сонце”, беше организиран од Универзитетот.
Во таа насока, македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот „Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски, пред 4 дена се сретнаа со ректорот на државниот Универзитет „Фан С.Ноли“ во Корча, Али Јашари, и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:
-Отворање лекторат за македонски јазик; и
-Заемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање дипломи на заинтересирани студенти и лица.
Ректорот Али Јашари идејата за воспоставување лекторат ја оцени како мошне добра и предложи да се преземат неопходните подготовки за нејзина реализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

