Македонија
Летале метални ногалки и стапови кон Села и другите пратеници
Во кривичниот суд се прикажуваат снимки како дел од доказниот материјал на Обвинителството поврзан со обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села. На една од снимките, која беше пуштена пред 10-те обвинети во судницата, се гледа како обвинетиот Кире Ѓорѓиевски фрла метална ногалка од столче кон пратениците, меѓу кои се наоѓа и Зијадин Села.
Тие се во десниот агол од прес-салата собрани заедно, а пред нив е пратеникот Влатко Ѓорчев, кој се обидува да ги одврати напаѓачите. Обвинетиот Александар Јаневски – Тошта на едната снимка се гледа дека одвраќа дел од напаѓачите. Лице со качулка, чие лице не се гледа на снимката, фрла стап кон пратениците, а стапот го погодува Зијадин Села. Тој потоа се наведнува и се држи за главата по што набргу се исправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

