Македонија
Лефков: ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок
ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок. Наодот на ДКСК дека синот на Претседателот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДС да креираат лажна фама, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што добија социјалдемократите? Само неколку неделно креирана политичка магла. А што доби народот? Можеше да види дека во СДС ништо не се сменило. Кој е највеќе оштетен? Синот на Претседателот Мицкоски, кој неосновано без никаква причина беше подлежен на канонада навреди и клевети инструирани од СДС. Мора да потенцираме дека синот на Претседателот не го придружувал на ниту една официјална средба и не бил сместен во истите хотели во кои била сместена владината делегација“, посочи Лефков и додаде:
„СДС лажеше и свесно креираше меур од лаги, кој сега се распрсна и може да се види колку се мизерни, безидејни и деструктувни. СДС наместо да биде конструктивна опозиција, тие четири месеци поминаа во лаги и манипулации. Бараме од СДС јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

