Македонија
Лефков: Османи лаже дека преговарачката рамка за Македонија е иста како за другите држави
Многу е важно да имаме млади луѓе кои што се информирани што се случува околу нив. Оние кои што не и мислат добро на младата генерација се токму оние кои секојдневно го зголемуваат јавниот долг и секој ден во собрание поминуваат некои нови заеми и верувајте ми тие пари ќе треба да ги плаќаат младите луѓе, а притоа изнајдуваат различни начини да ги држат младите надвор од процесот на одлучување вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето што е спорно во таа преговарачка рамка која што Бујар Османи ја презентираше во видео, Лефков рече дека навредливо е да се гледа јавноста и да кажува полувистини, бидејќи преговарачка рамка е составена од 4 дела.
Навредливо е да ја гледате во очи јавноста и да кажувате полувистини, тоа е она кое што го направи Османи. Вчера слушнав дека Османи снимал уште едно видео во кое што е заблагодарува во јавноста и истакнува дека никој се уште не се нашол да ги побие неговите аргументи. Значи за каква катастрофа станува збор. И не еднаш туку илјада пати повторивме. Најпрво тој во неговото видео таа преговарачка рамка ја дели на два дела, основен и посебен дел. Но, во суштина ако ја отворите таа преговарачка рамка ќе видите дека е составена од 4 дела, принципи на преговори кој го опфаќа од првиот до 21 член, суштина на пеговори, процедура и кластери. Значи тоа се ч дела, а не како што кажува Османи два дела, рече Лефков и додаде:
Во првиот дел кај принципи на преговори во членот 5 пишува јасно дека преговорите кои се отворени и напредувањето на преговори ќе бидат водени од напредокот на Македонија и ќе биде мерен напредокот според соодветните побарувања, и тоа Копенхашките критериуми, процесот на стабилизација и асоцијација исполнување на обврските на Македонија според Договорот за стабилизација и асоцијација, како и напредокот од договор со Преспа, и посебно наведено според преговарачката рамка, член 12 од Договорот за добрососедство. И сметам дека ова е јасно укажување и членот 12 од кои произлегуваат обврските за заеднички комисии за услогласување на историјата, и како дополнителен документ одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Македонија од ЕУ, донесена од владата на 5 септември донесена 2022 година.
Лефков посочи дека неточни се изјавите на Османи дека преговарачката рамка за Македонија по ништо не се разликува од другите преговарачки рамки.
Сакајќи да ја сокрие топката, Османи кажа дека преговарачката рамка за Македонија по ништо не се разликува од преговарачките рамки за сите други земји, што е апсолутно неточно, изјави тој.
Лефков го искоментира и Ковачевски за кој кажа дека е премиер кој не е избран на избори, туку поставен на премиерското столче, како и дека троши илјадници евра за рекламирање на фејсбук, притоа ширејќи лажни вести.
Мораме да кажеме дека тој не е избран премиер, туку дојде да седне во премиерското столче затоа што го избра Заев, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Грлиќ Радман: потврдена подготвеноста на Хрватска да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.
Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.
Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.
Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.
Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.
Македонија
Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи.
Полицијата соопшти дека по преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

