Македонија
Лефков: ЈО треба да се укине – реформите се носат за да не се остварат и да владее неказнивост
На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата на СДСМ – столбот на неуспехот на Македонија”, пратеникот Миле Лефков во своето излагање кажа дека и новата влада предводена од Ковачевски е апсурд самата по себе, односно е продолжување на корупцијата со истите кадри кои во владата на Заев беа познати по низата скандали кои им се случија за време на владеењето.
Лефков кажа дека не постои ниту една друга држава во светот која има толку скандали поврзани со функционери и јавни личности колку што има во Македонија, притоа без да имаат никаква разрешница туку напротив – повторно се ставаат на функција и ни се претставуваат како нови.
„ Погледнете кои луѓе повторно добиваат министерски места, кои луѓе цело време ги трошат народните пари и се одговорни за трошење на народните пари. Не можете министерот кој што е поврзан со огромни скандали, господинот Оливер Спасовски да добива повторно министерско место. Ние не ги споменавме 215 фалсификувани пасоши и лични карти, по сите параметри, по сите сознанија кои ги имаме, по дефиниција претставува организиран криминал. Замислете, тој предмет не е завршен во Јавното обвинителство за гонење на сериозен криминал и корупција, за него одлучуваше ОЈО.
Тој случај заврши со девет кривични пријави против полициски службеници и една или две пријави за помагачи. По таа дефиниција, ние треба да го укинеме ЈО за борба против сериозен криминал и корупција. Притоа, никој во Република Македонија не разговара за таа тема, а Оливер Спасовски во владата на Ковачевски, која што нема никаков легитимитет, добива ново министерско место“, рече Лефков.
Тој додаде и дека човекот кој што е најодговорен што Македонија се најде на 111-то место на индексот на корупција според „Транспаренси Интернешнл”, Љупчо Николоски, сега повторно добива министерско место во земјоделие.
Во пет – шест години, вели Лефков, тој менува три министерски места, или задолжен за координација на корупцијата во Македонија затоа што во тој момент требало некој кој ќе се грижи на кој начин таа корупција ќе биде насочена да се влијае врз изборниот процес и резултатите и затоа го измислија тоа место.
„ Сите меѓународни извештаи, извештајот на ГРЕКО зборува за апсурд, за двојната улога која што ја имаше Љупчо Николовски, а тоа е човек кој што треба да се бори против корупцијата и во исто е носител на висока политичка функција. Тоа е една од работите која нѐ донесе до тоа 111-то место на „Транспаренси Интернешнл”. Сега тој истиот човек, го ставате во министерство за земјоделие, а субвенциите и мерките кои се преземаат зафаќаат една огромна сума на БДП на државата. Истиот човек кој нѐ донесе на 111-то место, го ставате да ги троши 3,1% од БДП кои ќе бидат како субвенции“ рече тој.
Лефков во своето понатамошно излагање се осврна и на Бојан Маричиќ кој повторно доби улога во владата, кој претходно беше министер за правда.
„ Ако сакаме да градиме конзистентни реформи кои ќе дадат резултат, тоа не може да се оствари на начин со постојано ротирање на кадри од една на друга позиција, кај нас реформите се започнуваат и се координираат на начин за да не се остварат и да продолжи културата на неказнивост“ рече Лефков.
Додаде дека токму затоа имаме и нефункционално министерство за правда во кое затвореници слободно се шетаат низ државата, прават сообраќајки, не се знае ниту кој е ниту кој не е во затвор, владее општ хаос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

