Македонија
Либерално Демократската Младина ќе се заложи Битола да има функционална локална канцеларија за млади
Од 2000. година Либерално-демократската младина го одбележува Meѓународниот ден на младите (12 август) заедно со своите пријатели и колеги од Светската федерација на либералната младина и Европските млади либерални-демократи со цел подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите, велат од ЛиДеМ.
„Како млади луѓе имаме потреба од безбедни простори каде што можеме да се здружиме. Како младина сакаме да се вклучиме во активности поврзани со нашите различни потреби и интереси, да учествуваме во процесите на донесување одлуки и слободно да се изразуваме. На нас младите ни требаат безбедни простори кои ќе го обезбедуваат достоинството и ќе ја стимулираат надежта во идината, овде во Република Македонија“, се наведува во соопштението на ЛиДеМ.
Од Либерално-демократската младина додаваат дека активно се вклучуваат во одбележувањето на Меѓународниот ден на младите со приоритет во наредниот период да бидат обезбедни повеќе простори за младите. Така, во соработка со Советот на општина Битола во наредните 12 месеци ќе работат на тоа да се воспостави функционална локална канцеларија за млади.
Од ЛиДеМ велат дека канцелариите ќе функционираат како:
– Отворени граѓански простории кои ке овозможат вклучување на младите во креирање јавни политики;
– ќе им овозможуваат на младите да учествуваат активно во спорт и рекреативни активности;
– како дигитални простори кои ќе им помагаат на младите да комуницираат практично со сите кршејќи ги бариерите;
– добро испланиран простор наменет за сите оние кои се подлежни на маргинализација.
„Со фунцкионална канцеларија во Битола, а потоа и со отворање канцеларии во останатите градови ќе создадеме безбеден простор младите од различна припадност, потекло или ориентација да можат да се чувствуваат охрабрени слободно да придонесуваат во заедницата“, стои во соопштението на Либерално Демократската Младина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди и студено, на планините снег
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

