Македонија
Лидерите од Западен Балкан потпишаа Договор за признавање на квалификациите на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти
Лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, потпишаа Договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите во контекст на Договорот за слободна трговија.
Овој договор е продолжување на заложбите од последниот Самит на Берлински процес кога лидерите на земјите од Западен Балкан, усогласија признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на договорот за слободна трговија.
Со овој Договор се поттикнува мобилноста на стручните лица преку усогласување на вештините со потребите на пазарот на труд, истакнувајќи ги целите за промовирање на хармонизација на регулативата и приближување кон правото на Европската Унија.
Целта на овој Договор е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и да се примени на сите регулирани професии утврдени во Договорот и EУ Директивата. Ваквото регулирање дозволува мобилност со олеснети административни бариери.
Според овој Договор, начинот и условите кои се применуваат за признавање на професионални квалификации за секторските професии ќе бидат согласно правилата на ЕУ Директивата. Истиот обезбедува повеќекратна добивка, бидејќи не само што ќе се применуваат критериумите на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан.
Ваквите договори се уште една потврда за важноста на Берлинскиот процес, кој континуирано допринесува да се унапреди соработката помеѓу Владите на Западен Балкан и да се иницираат форми на заедничко поврзување, а за тоа е доказ и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

