Македонија
Лика, Анѓушев, Шекеринска, Османи и Спасовски си ги покачуваат платите
До Собранието бил доставен предлог-закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари.
Со измените на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија поднесени до Собранието, коефициентот за утврдување плата на заменик-претседателот на Владата ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.
Во согласност со ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто-изнoс или за 5-мина вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 482.620 денари.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, досега земаше најголема плата, од 92.299 денари, а со новите промени ќе зима повеќе од 100 илјади денари месечно.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, од 79.150 денари, ќе добива плата од 87 илјади денари.
Во предлог-законот за изменување на Законот за платата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се вели дека со него ќе се обезбеди терминолошко усогласување на овој законот со Законот за Владата, со што ќе се создаде законска основа за пресметка на платата на вицепремиерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

