Македонија
Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име, нѐ очекува тежок период
Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го врати уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога.
„Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието со помош на пратениците на ‘Влен’, ЗНАМ и Левицата, нека повели во Собранието и со уставни измени нека го врати старото име на државата. Нѐ очекува тежок период.
Се чини дека е стратегија на ВМРО-ДПМНЕ – забораваат дека сега имаат одговорност и нема друга кампања. ВМРО има добиено голема поддршка од граѓаните и се чини дека сѐ што е кажано во кампањата е голема лага“, додаде Лога.
Претходно, министерот рече дека непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од општина Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ул. Борис Трајковски 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и ул. Иван Козаров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.( општина Кисела Вода ).
Македонија
Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата
Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што претходно информираа од ЦУК, девојчето вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Македонија
Во тек спасувачка акција во Струмица: се извлекува 16-годишно девојче кое паднало во дол
Спасувачките служби се обидуваат да извлечат 16-годишно девојче кое вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.
Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.
„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
Во моментот се работи на нејзино извлекување.