Македонија
Лога до Мицкоски: Времето кога политичките партии се однесуваа како во приватен двор заврши во 2017 година

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за писмото испратено до меѓународниот фактор за „упад“ на парламентарното мнозинство во уставни и независни институции.
„Времето кога политичките партии во Северна Македонија се однесуваа како во свој приватен двор заврши во 2017 година, и тоа благодарение на западната ориентација на земјата и процесот на интеграција координиран со Европската Унија. Документите што Северна Македонија ги има усогласено со Брисел се обврски што произлегуваат од таа агенда, како што се: Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, Патоказот за Владеење на Правото и Планот за Раст на ЕУ.
ОЦЕНСКАТА МИСИЈА на ЕУ (Експертскиот тим, предводен од Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска) ги даде своите забелешки и препораки во врска со Судскиот совет и тие препораки од ИЗВЕШТАЈОТ се спроведуваат од страна на државните институции. Тенденцијата за дисциплинирање на судството преку јавни и општи пораки не помага во изградбата на Владеење на Правото; индивидуална одговорност треба да постои и тоа го поддржуваме во секој момент, денес и секогаш кога има прекршување“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.