Македонија
Лога се сретна со претставници на Здружението на портали
Министерот за правда Кренар Лога се сретна со претставници на Здружението на портали, onlinemedia.mk.
Како што извести Министерството за правда, се дискутирало за измените на Изборниот Законик, препораките на ОБСЕ/ОДИХР и забелешките кои ги има Здружението во делот на политичко рекламирање, како и улогата, статусот, правата и обврските на интернет медиумите во нашата држава.

Сите препораки и мислења ќе бидат доставени до работната група која ги подготвува измените на Изборнот законик кој наскоро ќе се испрати во владина процедура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да постапи по, како што вели, „доказите за криминал“ кои се однесуваат на актуелни случаи поврзани со дивоградби.
„Го повикувам Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да ги оправда тие 2% доверба кои ги има обвинителството кај граѓаните и да постапи по доказите за криминал.
Во спротивно, вели Арсовска, креира опасен преседан.
„Ќе започнеме сите со капитални проекти за градење безбедни дивоградби и обезбедување гратис станови со џабе вода и џабе струја за оние на кои не им е решено станбеното прашање. И нема да смеат да ни писнат, ни да прашаат од кај се парите.
Плус ќе треба да им се извинат на сите кои ги казниле, им срушиле објект или отслужуваат казна за бесправна градба.
Затоа што еден од министрите на Владата, секој ден плаче, лаже, манипулира и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, еве повеќе не ве повикувам да постапите. Ве виде народ, се девалвиравте бидејќи не смеете да му писнете на Висар Ганиу“, пишува Арсовска.
Македонија
„Паркинзи“ на Општина Центар продолжува со акцијата за отстранување на хаварисани возила од јавните површини
Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ успешно отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар. Со оваа акција, претпријатието продолжува да придонесува кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани.
„Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат урбаната слика и зафаќаат паркинг места и јавни површини. Апелираме до сите сопственици на хаварисани возила да се приклучат кон нашата акција и да ги пријават своите возила за отстранување,“ изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски.
За повеќе информации или пријава на хаварисано возило, граѓаните можат да контактираат со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ на телефонскиот број: 076 350 767
Преку оваа акција, ЈП ПОЦ бесплатно ги транспортира хаварисаните возила до отпад, а средствата од откупот директно се префрлаат на сметката на сопственикот. На овој начин, секој граѓанин кој ќе се вклучи во акцијата придонесува за поуреден, побезбеден и пофункционален Центар.
Македонија
Компанијата „Зегин“ и фондацијата д-р Верица Механџиска со значајна донација за ГОБ „8 Септермври“ – Скопје
Компанијата Зегин и Фондацијата, Верица Механџиска, вчера донираа медицинска опрема на одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ „8 Септември” во Скопје со што остварија значаен придонес за македонското здравство и уште еднаш покажаа пример за општествена одговорност. Вкупната вредност на оваа значајна донација изнесува околу 140.000 евра.
Станува збор за хипербарна комора која ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги, особено во третманот на пациенти со изгореници, за третман и лекување на пациенти со хронични рани кои тешко заздравуваат, дијабетично стапало, како и за постоперативни третмани но и за спортисти при спортски повреди, за зајакнување на нивните спортски перформанси, а ќе им биде на располагање и на одделите за пластичната хирургија, пулмологија, дерматологија и останатите оддели.
Дополнително се донира и нов клима уред , две мултифункционални маси за физикална рехабилитација кои се применуваат при невролошка рехабилитација, ортопедска рехабилитација, детска рехабилитација, рехабилитација за лица со попреченост, геријатриска рехабилитација, рехабилитација по спортска медицина, ментална рехабилитација итн, како и лента за трчање.
На проектот за хипербарна комора се работеше пет месеци, а крајната цел е создавање на подобри услови за поквалитетно и поблиско здравство до сите граѓани кои имаат потреба од овие третмани.
(ПР)

