Македонија
Локалитетот Длабока Река во Маврово ќе биде номиниран за прелиминарната листа на УНЕСКО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/dlaboka-reka.jpg)
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на прелиминарната листа на УНЕСКО.
Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со речиси никаква интервенција на човекот во последните 100 години.
Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во него се дозволени само научно-истражувачки активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Жданец, Трно Дол и Нерези и улица 3 во Батинци денес без вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/bez-voda-960x640.jpg)
Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф 80мм. на улица Жданец бр.2 на самата кривина, денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Жданец, н.Трно Дол и н.Нерези.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето за овие скопски наслелби ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување на работните активности,
Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 3 бб. Батинци, со прекинато водоснабдување денеска се и корисниците од Батинци. Водоснабдувањето за овие корисници е прекинато од 08:00 часот утрово, а ќе трае до завршување на работните активности, наведуваат од Јавното претпријатие.
Македонија
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/dozd.jpg)
Најниска темепратура во државата утрово од 11 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Крушево со 13 степени, 14 во Крива Паланка и Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип и 18 степени во Скопје кај Петровец, Демир Капија и во Куманово.
Најмногу воден талог за изминатите 24 часа заклучно до 8 часот е наврнат во Штип од 9 л/м2, а во Крива Паланка 1 л/м2 .
Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/patista.jpg)
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.