Македонија
Локалните власти во Чаир бараат засилени полициски мерки против ширење на Ковид-19
Претставници на МВР, вчера (9 јуни), присуствуваа на седница на локалниот Совет на Општина Чаир, на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести“, со цел подигање на свеста на граѓаните.
Како што информираат од МВР, на седницата биле донесени повеќе заклучоци, меѓу кои зајакнување на соработката на Општина Чаир со Кризниот штаб и полициските органи.
Членовите на локалниот Совет за превенција во Општина Чаир побарале од МВР преземање засилени превентивни мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата што не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.
Според статистиката на Министерството за здравство, бројот на заболени во Чаир се зголемил за 40 лица за два дена.
Врз основа на тековните податоци дистрибуцијата на позитивни на Ковид-19 според општини во Скопје е следна:
Чаир – 192
Бутел – 68
Центар – 66
Гази Баба – 63
Аеродром – 61
Карпош – 57
Сарај – 55
Кисела Вода – 37
Ѓорче Петров – 23
Арачиново – 23
Шуто Оризари – 21
Студеничани – 20
Илинден – 18
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
странци – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

