Македонија
Чулев на средба со полициски началници: И натаму инсистирам полицајците да ја добијат наградата
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, имаше работен состанок со началниците на секторите за внатрешни работи.
На состанокот Чулев нагласи дека полициските службеници изминатиот период, преземајќи широк спектар активности, имале важна улога во справување со пандемијата предисвикана од Ковид-19 и покажале исклучително високо ниво на одговорност и професионалност.
„Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните“, потенцира Чулев на состанокот.
Изминатиот период полицијата покажа дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап треба да продолжи и во иднина. Во таа насока Чулев потенцира дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата што се насочени кон превенција од коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители. Со таквиот начин на работа ќе ја потврди стратешката определба на Министерството за внатрешни работи за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето.
Како министер за внатрешни работи тој и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и дека полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи. Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата што за заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучи Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.