Македонија
Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се расчисти случајот „Империја“, каде што главен осомничен е Орце Камчев
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во спрега со обвинети и осомничени лица прават сѐ за да ѝ наштетат на правната држава, изјави на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.
Тој оцени дека барањето да се разрешуваат судии уште еднаш потврдува дека оваа партија не сака да се расчисти случајот „Империја“, во кој главен осомничен е, како што вели, тајкунот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев.
„ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена брани криминал и криминалци од сопствените редови. Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сѐ за да не се донесе законот за Јавно обвинителство и истрагите и предметите на СЈО, во кои се обвинети функционери на опозицијата, да не добијат правен епилог. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го поткопуваат правниот систем и остануваат на браникот на криминалот во сопствените редови“, рече Локвенец.
Тој ги повика инстутуциите целосно да го расчистат предметот во јавноста познат како „Рекет“, како и сите отворени истраги и предмети.
„Колку и да не ѝ се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, законот за Јавното обвинителство обезбедува независно, стручно и објективно постапување и тој ќе биде донесен“, заклучи Локвенец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

