Македонија
Лукаревска: Во најголемиот Буџет од 6,5 милијарди нема пари за реалниот живот на граѓаните
Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скрои буџет од 6,5 милијарди евра во состојба во која ги саниравме разорувачките последици од пандемиската криза, на којашто се надоврза и економската криза, војната во Уркаина, енергетската неизвесност, ценовни шокови, неминовна инфлација, којашто не беше параметар само за Република Северна Македонија, туку финансиска состојба и во сите други држави, но овде беше претставено како само ние да сме опфатени со тоа, истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето обраќање на пленарната собраниска седница посветена на буџетот за 2025 година.
Лукаревска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во 2022 година буџетот од 4,4 милијарди евра го оспоруваше како нереално проектиран, во време на корона вирус, буџетот во 2023 година од 5,3 милијарди евра, како инфлаторен и неразвоен, во време на енергетска криза, а за 2024 година, од 5,5 милијарди евра, година кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан.
А сега во 2025, најголемиот, гломазен, 6,6 милијарди евра без било каква кризна состојба. Ако предложениот буџет од 2024 за тогашната опозиција, а сегашна власт беше мегаломански, напумпан, распинички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој, кој е за една милијарда поголем, рече Лукаревска, додавајќи дека низ целиот текст на буџетот провејува оптимистичка проекција, но истата доклку се оствари ќе има соодветно влошување на финансиската консолидација.
На пример раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025, во однос на планирните во 2024 е тешко да се оствари затоа што имаме отсуство на даночна реформа, која слушнавме дека ќе биде во 2026, во услови на ниска инфлација и забавен раст на платите. Покрај ова има даночни приходи, кои се проектирани да растат уште посериозно и од 19 или 20%, како што се акцизите и царинските давачки, истакна Лукаревска.
Лукаревска посочи дека кај тековните расходи најголем е растот на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, што на прв поглед излега дека е во ред, но треба да се праша колкав дел од тие плаќања ќе останат во македонската економија.
Вкупните расходи имаат зголемување за 37 милијарди денари, приближно 10,5 проценти. Ова значи дека очекуваме да имаме повисока инфлација, нагласи Лукаревска.
Таа истакна дека во буџетот нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, поддршката за земјоделството, преку соодветната агенцијата за финансиска помош, се намалува од 128 милиони евра на 117, а нема конкретни програми за зголемување на поризводството и конкурентност на земјоделците.
Се намалуваат средствата за поддршка на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18,5 милиони денари Од друга страна за поддршка на странските инвестиции се планирани 36,6 милиони евра, нагласи Лукаревска и констатираше дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната владата, на пример коридорите Бехтел и Енка, како и изградба на гасни когенеративни централи.
Во новиот буџет има помалку пари за реалниот живот многу повеќе за реклами и пропаганда, нагласи Лукаревска, додавајќи дека оваа влада планира зголемување на приходи од глоби и таски од 54 милиони евра.
Предлог буџетот за 2025 година точно ја дефинира политиката која има намера да ја тера оваа влада за своја корист, минимална грижа за граѓаните, максимална за себе, а со тоа минимлана реална посветеност, максимална пропаганда, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска од собраниската говорница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

