Македонија
Лукаревска: Во новиот мандат платите и пензиите ќе продолжат да растат
Носителката на пратеничката листа на Изборната Единица 2, од коалицијата “ Можеме”, Сања Лукаревска, денеска е во посета на општина Арачиново. Лукаревска информираше за економската понуда од програмата “Можеме” и кажа дека во новиот мандат ќе се отворат нови работни места, ќе се обезбедат повисоки плати и пензии.
“Во изминатите три години, градиме општетство еднакво за сите. Права, правда, услови и можности сите граѓани подеднакво во држава која напредува во секој поглед. Направивме пресврт на подобро. Денес се обврзуваме на нови цели пред граѓаните, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за иднината. Преку брза трансформација на домашната економија, креираме нови работни места“, рече Лукаревкска.
Нашата понуда, додаде таа, обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.
„Градиме нова развојна економија и поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони, што ќе придонесе за уште поголем пад на невработеноста. Успеавме и во тешка криза предизвикана од Covid-19, да ги зачуваме работните места, со економските владини мерки. И по 15 јули ќе продолжиме да ги штитиме работниците и нивното работно место, а по завршувањето на кризата неврабоптеноста ќе ја намалуваме на ниво од 3 % годишно. Во новиот мандат, платите ќе продолжат да растат и до крајот на 2024 година, минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, додека просечна плата ќе биде 34 000 денари. Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %”, рече Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

