Македонија
Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот ниту, пак, се трошело душмански, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со работниците
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат 500 милиони евра е лага со која партијата сака да го оправда финансискиот колапс кој следува. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера, истакна дека драмата од ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид да се исплашат граѓаните, а доказот за тоа е алатката Отворени финансии.
„До моментот на изборите, ако отидете на Отворени финансии, алатката за транспарентност која СДСМ ја воведе, ќе видите дека за сите трошоци се предвидени средства. Ниту еден денар не фали. Оваа драма која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ е само за политички потреби. Ниту е точно дека снемало пари ниту дека не се знае каде се. Обвинувањата дека институциите ќе се занимавале со ова се паушални и без основа“, истакна Лукаревска.
Пратеничката Лукаревска на денешната прес конференција потенцираше дека причината за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е очигледно. Прво, за да се создаде перцепција дека СДСМ направил хаос со цел граѓаните да се помират со тоа што ќе нема пари за нив, а второ е ВМРО-ДПМНЕ сака да си создаде алиби за кредитот од Унгарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

