Македонија
Лукаревска од Ресен: За СДСМ, државата и граѓаните се пред сѐ, нашата иднина е европска
Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, денеска учествуваше на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, која се одржа во Ресен. Пред присутните Лукаревска зборуваше за мерките и политиките што СДСМ преку Владата ги презема за надминување на последиците од економската и енергетската криза, како и за следните државни чекори.
„Благодарение на СДСМ, ние и во оваа најтешка зима во Европа и светот не сме сами. Ги надминуваме последиците со сопствени сили и не се откажуваме и не бараме оправдувања затоа што за нас опстанокот на државата е многу поважен од рејтингот на партијата. За нас во СДСМ, државата и граѓаните се пред сѐ и тоа е факт, тоа е вистина“, порача Лукаревска.
Таа посочи дека СДСМ успеала да направи силен исчекор кон ЕУ и дека по 17 години чекање, конечно, државата ги почна преговорите со ЕУ.
„Тече скринингот со ЕУ, се скенира секоја област и добиваме позитивни коментари. Најважно е што целиот процес се одвива на официјален македонски јазик. Тргнавме кон Европа и назад нема“, истакна Лукаревска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

