Македонија
Лукаревска: СДСМ никого не остава сам во време на криза, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена
СДСМ се грижи за сите категории граѓани и за тоа во време на најголема светска економска криза преку два пакети мерки одвоивме над 750 милиони евра или пет отсто од БДП, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Неготино.
„Покрај поддршката за ранливите категории граѓани, за компаниите, обезбедивме и 52 милиони евра за дополнителна помош за земјоделците, затоа што во време на светска криза, важно е да имаме зголемено домашно земјоделско производство. СДСМ никого не остава сам во време на криза“, истакна Лукаревска.
Посочи дека концептот на СДСМ за солидарност и меѓусебно помагање е сосема спротивен од концептот на деструкција што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.
„Заради неодговорните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, државата и енергетскиот сектор останаа без 100 милиони евра помош во време на криза, што покажува дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за интересите на граѓаните и државата, туку единствено се грижат за партиските и бизнис интересите. Дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена говори и денешниот партиски панаѓур каде наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваа отчет пред нивниот шеф и шпицен градоначалник Христијан Мицкоски“, порача Лукаревска додавајќи дека СДСМ е консолидирана партија, која посветено работи за граѓаните и затоа е фаворит на следните редовни парламентарни избори во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

