Македонија
Магла кај Шапка и Страцин – намалена е видливоста на патот до 100 метри
 
																								
												
												
											Намалена видливост поради појава на магла утрово има на патниот правец Попова Шапка, село Гајре – Тетово, до 30 метри, и кај Страцин од 50 до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Утре наутро со магла по котлините, преку денот сончево, со температури до 23 степени
 
														Времето утре, претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во недела времето ќе биде стабилно и суво со појава на утринска магла по одделни котлини. Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога
 
														Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на конференцијата по повод 25-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН ,,Жени, мир и безбедност”.
Воден од разумот и дијалогот, наспроти силата и војната, според Сиљановска – Давкова, Советот за безбедност со Резолуцијата втемели нова перцепција за жените: од неми сведоци и жртви на насилството, тие станаа активни миротворки
Според претседателката, проблемот не се реши ниту до оваа, ниту со десетината други резолуции зашто жените и девојчињата сè уште се најчестите и најголемите жртви на војните.
,,Војната ги лишува женските суштества од човечкиот субјективитет, ги дехуманизира и инструментализира за воени цели”, истакна таа.
Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога.
Таа предупреди на неодржливоста на реалноста во којашто машката половина од човештвото поседува апсолутна моќ на одлучување за мирот и војната, а женската – никаква.
Сиљановска-Давкова смета дека е крајно време да сфатиме дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија и женски егоцентризам, туку хуманистички императив, бидејќи насилството и безбедноста не се женски, туку клучни општествени прашања.
Покрај претседателката, на настанот се обратија: Владо Мисајловски, министер за одбрана; Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women.
Издавањето поштенска марка во чест на 25-годишнината од Резолуцијата 1325 на ООН ,,Жени, мир и безбедност” манифестира висока демократска свест за важноста на активната улога на жените во мирот и безбедноста.
Македонија
Мециновиќ: Страшна злоупотреба и кривично дело е обелоденувањето на мојот матичен број
 
														Во овие избори се случи, мислам дека, преседан кој никогаш не се случил досега. Во моментот кога јавноста сосема ги имаше вперено своите очи во два кандидати, да бидеме реални, цела Македонија гледаше кон трката за Скопје – кога бевме јас и Орце Ѓорѓиевски најрелевантни во јавниот дискурс, мене ми беше обелоденет ЕМБГ, што е длабоко класифициран податок за нашите граѓани и тоа е нешто што не се случило досега. Тоа е страшна злоупотреба и е кривично дело. И тоа не само што е кривично дело, туку е во отежнети околности, одговори на новинарско прашање кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција.
На новинарско прашање дали Мециновиќ смета дека институции работеле во корист на неговиот противкандидат, тој даде дополнително образложение:
,,Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која институција изреагира откако се случи таква ситуација? Ова е прашање на човекови права. Ова е прашање на правата кои ги имаме ние пред државата. Ова е прашање на тоа дека имаме неморална, неетичка, социопатска политика која живееме триесет години. Ние живееме во социопатска политичка култура, која се наметнува. И го нагласувам за сите нас, а не за мене индивидуално. Освен инцидентот со ЕМБГ, имаме уште низа измислици, шпекулации, напади по интегритет, напади по семејство, по луѓе кои не беа инволвирани во оваа кампања. Сето тоа ќе биде пропратено со тужби и со кривични пријави, така што тоа е нешто што ќе го правиме од понеделник. Сега засега е нешто што го искомунициравме и со ОПСЕ и со меѓународни инстанции, така што тоа се случи, но е само наш дополнителен поттик”.
Мециновиќ го спомена и стравот од табу, поради кој, обично, се игнорирани овие работи.
,,Во моментот кога ќе се освестиме дека за оние кои нè владеат, дека не постои табу, дека не постои морална граница, тогаш и ние ќе се ослободиме. И допрва ако го направиме тоа, ние можеме да очекуваме демократизација на атмосферата и на процесите. Никогаш веќе да не ни се повторуваат избори и процеси на одлучување кои ќе бидат длабоко, под влијание на оние кои имаат моќта. Моќта е во институциите и сите институции беа впрегнати во победа на Орце Георгиевски”, додаде Амар Мециновиќ.
Тој дообразложи и на каков начин смета дека институциите работеа во интерес на неговиот противкандидат.
,,Орце Георгиевски ги имаше сите пари на негова страна, сите привилегии за рекламирање. На крај, нè уценуваа како граѓани, ако не победи Орце, па ќе живеете во смет. Сè доби човеков. Неговиот тим вади лични документи. Тоа е нивната политика на служби, на бизниси, на репресија. Нашата политика е политика на комуникација со јавноста. Ние знаете како функционираме. Ние функционираме вака, во разговори со вас и на социјалните медиуми. Тоа е нашата комуникација. Нивната комуникација е структурирано насилство. Ова што се случи овие избори е структурно насилство, преку институциите и преку, механизмите за владеење”, рече Мециновиќ.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											