Контакт

Македонија

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Објавено пред

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац.

dobivaj vesti na viber

Во оваа ситуација повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар, пренесуваат српските медиуми.

Информацијата ја потврдил Бобан Накиќ, јавниот обвинител во Бујановац.

„На државјанинот на Северна Македонија одреден му е притвор бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. При ударот бил оштетен и полициски радар. Материјалната штета што настана се проценува на над 2 милиона динари“, изјави Накиќ.

Несреќата, според информациите, се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.

Македонија

За еден месец, 80 лица се сретнаа со министерот за здравство Алиу преку „Отворен кабинет”

Објавено пред

Од

Во изминатиот месец 80 граѓани преку алатката „Отворен кабинет“ се сретнаа со министерот за здравство Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Барањата, предлозите и сугестиите на граѓаните се предмет на системско постапување во рамки на Министерството за здравство, односно тие се анализираат и проследуваат за натамошно постапување, велат од Министерството.

„До овој момент одговорено е и постапено е по 29 отсто од барањата, за еден дел потребни се системски унапредувања кои веќе се иницирани, додека за останатиот дел формирани се комисии за поефикасно постапување“, се наведува во соопштението.

За потсетување, министерот Алиу во текот на утрешниот ден е на терен во Штип, во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“, каде од 12 до 14 часот ќе има средба со граѓани во просториите на Клиничката болница-Штип и сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

За учество на овие средби потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна преку интернет страницата на Министерство за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/

Прикажи повеќе...

Македонија

Шукова: Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна

Објавено пред

Од

Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна, смета Каја Шукова од СДСМ, која е кандидат за градоначалник на Скопје. Според неа, тоа е последното нешто што му треба на Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што вели Шукова, Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот.

„Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам. Граѓаните на Скопје заслужуваат уреден кеј со велосипедски и трим патеки, урбана опрема, зеленило и чист воздух. Тоа е визијата што ќе ја бранам, кејот како градска оаза за спортување, пешачење, семејни прошетки и живот. Што му треба на Скопје? Сериозен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Наместо да се фрлаат нереални идеи кои звучат добро на хартија, а се катастрофа во реалноста, ќе предложиме нов, модерен систем на јавен превоз кој ќе биде брз, достапен, чист и одржлив. Ќе го дигнеме јавниот превоз од пепелта во која ВМРО-ДПМНЕ го остави да тоне четири години. Моја заложба како кандидатка за градоначалничка е јасна, Скопје ќе биде град за луѓето. Град на велосипедисти, мајки со деца, спортисти, рекреативци, ученици, пензионери“, објави Шукова на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворот во Куманово без вода, вицепремиерот Фетаи вети решение

Објавено пред

Од

Затворот во Куманово подолго време се соочува со недостиг од вода за пиење, а вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, вети решение.

dobivaj vesti na viber

„Вицепремиерот Фетаи ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостиг на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побргу“, соопштија од неговиот кабинет по посетата на затворот.

Фетаи го оценил затворот во Куманово како пример за добро менаџирање под новото раководство.

Се разговарало и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство.

„Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој во согласност со европските стандарди“, рече Фетаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ1 час

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија1 час

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 часа

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија2 часа

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија2 часа

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија3 часа

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...

Македонија3 часа

Седум активни пожари во земјата

Центарот за управување со кризи извести дека во последниот ден, до 8 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 33...

Македонија4 часа

Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот...

Топ4 часа

Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница – Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Свет5 часа

Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа....

Свет6 часа

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември; САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на...

Свет6 часа

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи...

Свет7 часа

(Видео) Илјадници демонстранти во Тел Авив, бараа прекин на огнот во Газа

Илјадници демонстранти се собраа вчера вечер на плоштадот Хабима во Тел Авив, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа...

Македонија7 часа

Метеж на Табановце и на Богородица, се чека 40-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...

Македонија17 часа

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово...

Македонија18 часа

„Ер трактори“, пожарникари и локално население во обид да го стават под контрола пожарот во Преспанско; Беше закана за неколку села, вели Ангелов

Пожарот кој попладнево изби на брегот на Преспанското езеро во близина на селото Перово зафати поголема површина на трска и...

Македонија19 часа

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од...

Македонија23 часа

Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет...

Топ23 часа

Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило...