Македонија
Македонија, Албанија и Грција ќе соработуваат за заштита на Преспанското Езеро
Денеска се одржа првиот состанок на кој претставниците од високо ниво на трите држави: Северна Македонија, Албанија и Грција согласно Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа се договараа за начинот на кој ќе соработуваат во заштитата на заедничкото природно наследство, Преспанското Езеро.
Почетен импулс на патот кон имплементација на Договорот, во своите обраќања дадоа министрите за животна средина на Република Северна Македонија – Насер Нуредини, на Албанија – Бленди Коси и на Грција – Костас Скрекас, како и високиот претставник на Европската Комисија во РСМ, амбасадорот Дејвид Гир.
Министрите и амбасадорот изразија силна волја за решавање на прашањето со Преспанското Езеро и разговараа за следните чекори што ќе бидат преземени од трите страни, односно за потребата од заедничка хидробиолошка студија, воспоставување на мониторинг-систем, јакнење на капацитетите и развој на одржливо земјоделство и локален брендинг, како и развојот на алтернативниот и екотуризмот.
![]()
„Драго ми е што конечно успеавме, дури и во време на здравствени и економски предизвици, да ја почнеме заедничката работа на трите крајбрежни земји и да вложиме напори за подобрување на алармантната состојба со Преспанското Езеро. Знаеме дека состојбата е загрижувачка и бележи ваков тренд со децении, но знаеме и дека прашањето може да се реши само доколку сите работиме координирано и заедно кон целта. Климатските промени, силниот антропоген притисок, земјоделството, инванзивните видови, се само дел од заканите, но ова е моментот кога ние можеме да покажеме дека имаме волја да го зачуваме ова природно богатство не само за нас, туку и идните генерации“, рече министерот Нуредини на средбата.
Тројцата министри се согласија на брзо свикување на работните тела за разговарање на клучните прашања и на техничко ниво и конечно имплементирање на интегриран пристап, а амбасадорот Гир најави програма на ЕУ за Преспа во вредност од 18 милиони евра за Северна Македонија.
Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа е потпишан на 2 февруари 2010 година, а стапи на сила на 29 мај минатата година. Трите земји членки, како и ЕУ како страна на договорот, ги номинираа своите членови во работните тела и ова е првиот состанок на високо ниво одржан за започнување на имплементацијата на Договорот.
Договорот опфаќа сегмент на високо ниво кој се одржа денеска, како и Преспа Парк управувачки комитет и Работна група за води на техничко ниво, во кои учествуваат претставници на стручно и техничко ниво од централната и локалната власт, како и граѓанскиот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

