Македонија
Македонија го освои вториот сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика во Јапонија
На 30-тата по ред Интернационална олимпијада по информатика, која од 1 до 8 септември се одржува во Цукуба, Јапонија, македонските средношколци постигнаа уште еден огромен успех, македонскиот тим на овој престижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци во светски рамки, составен од четири ученици предводени од нивните лидери, двајца професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, освоија еден сребрен и еден бронзен медал, соопштуваат од здружението на информатичарите на Македонија.

На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет. Во ваква исклучително силна конкуренција, вториот сребрен медал во историјата за Македонија го освои Владимир Максимовски, додека бронзениот медал го освои Андреј Величковски.
„Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, во последните години Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите учеснички: освоени 2 сребрени и 16 бронзени медали, а особено земјите кои по големина се колку нашата“, наведуваат од здружението.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов, здружението неуморно работи на промоција на натпреварите и информатиката како наука, селекција на најдобрите натпреварувачи и нивна подготовка за екстремно напредните содржини кои се дел од олимпијадата.
Следната, 31. по ред, Интернационална олимпијада по информатика ќе се одржи идната година во Баку, Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

